дома Македонија Повеќе од половина од жителите на Неготино го оствариле своето право на...

Повеќе од половина од жителите на Неготино го оствариле своето право на глас

Неготино бележи излезеност од 51.54 отсто до 17 часот на денешните вонредни парламентарни избори.

Во Демир Капија излезеноста е 50.41, Кавадарци 47.5 и во Росоман 41.69 проценти.

Според претседателите на изборните комисии во четирите општини, гласањето засега се одвива без проблеми и со преземени мерки за заштита на гласачите.