дома Македонија ПОВЕЌЕ ОД 200 ЛИЦА: Оние кои имале контакт со зapaзената директора сѐ...

ПОВЕЌЕ ОД 200 ЛИЦА: Оние кои имале контакт со зapaзената директора сѐ уште не дошле на ред за тестирање

Над двесте лица кои се во изолација поради контакт со директорката на Клинката за дерматологија Нина (Цаца) Билјановска, која беше разрешена од функцијата, чекаат ред за да им биде направен контролен тест за коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека кај ниту едно од лицата кои биле во контакт со ексдиректорката не се појавиле симптоми на вирусот. Тие се во изолација од девети март откако на осми март ноќта кај директорката бил дијагностициран коронавирусот.

Сите кои што биле во контакт со директорката на Клиниката за дерматологија ќе бидат тестирани во следните денови. Во соработка со нив ќе бидат направени групи за тестирање затоа што не може сите да бидат завршени во еден ден. Кај нив изолацијата од 14 дена е истечена, немаат симптоми на болеста. Откако ќе ги соопштиме резултатите од тестирањето, очекуваме тие да се врата на работните места, рече министерот Филипче.