Повлечени и сладоледите „Милка“ од хрватскиот пазар поради присуство на пecтициди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватското министерство за земјоделство денеска ги информираше потрошувачите дека сладоледите „Милка“ се повлечени од пазарот.

Станува збор за класичен сладолед Милка 4х100 мл, од лешник 100 мл и класичен 100 мл, кои се повлечени бидејќи во адитивот што се користи во производството на сладолед е пронајден етилен оксид. Како што е наведено, известувањето се однесува на производите Милка класик 4 × 100 мл, ЛОТ МИ0025, на кој рокот за употреба му истекуна до крајот на јануари 2022 година, LOT MI0146, на кој рокот за употреба му истекуна до крајот на мај 2022 година.

Стапче лешник Милка 100 мл, ЛОТ МИ1117 и Милка класик 100 мл, ЛОТ МИ1118, чиј рок на траење е до крајот на април 2023 година.

Се додава дека овие производи, чиј дистрибутер е Станиќ д.о.о. од Загреб, не се во согласност со европските одредби за максимално ниво на остатоци од пестициди во или за храна и храна за животи од растително и животинско потекло.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This