дома Локално Повторно гори депонијата во Струга

Повторно гори депонијата во Струга

Попладнево повторно се активираше пожарот во депонијата кај Струга, јавува дописникот на Алсат М.

Пожарот избувнал пред 14 часот и во моментов гори југозападната страна на депонијата, а на теренот може да се забележи како огнените пламени со гаснат со по една цистерна со вода.

Црни облаци чад се надвиснуваат над Струга, се шири непријатна миризба, а дува и ветер. Поради тоа чадот забрзано се шири кон градот и околните села.

Ова ново активирање на пожарот доаѓа само една недела откако беше преземена акција за гаснење на претходниот пожар и откако депонијата беше покривана со земја и песок за да се спречат нови вакви непогоди.