дома Социјални Мрежи ПОВТОРНО ИСПАДНА И „РАСПАЛИ“ ПО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: Мојот изглед Гранд никогаш...

ПОВТОРНО ИСПАДНА И „РАСПАЛИ“ ПО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: Мојот изглед Гранд никогаш не го прифати, па затоа мојот вокал никогаш нема да се продава таму!

Во саботното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и кумановката Ивона Јовановиќ, која за жал не помина во четвртиот круг.

Ивона ги отпеја „Тако лако“ од Џенан Лончаревиќ и „Ти ме не волиш„ од „Негатив“. Нејзината интерпретација не беше доволна добра за да помине во следниот круг.

„Ти го користиш твојот глас за да ја “силуваш“ песната“, објасни Марија Шерфовиќ.

Јовановиќ револтирана од испаѓањето од „Ѕвездите на Гранд“, на социјалните мрежи сподели статус и потенцираше дека не планира да се враќа.


-Ви благодрам за подршката која ми ја подаривте од сепември до сега. Ова не е пораз, ова е лекција. Мојот изглед Гранд никогаш не го прифати, па затоа мојот вокал никогаш нема да се продава таму. Сите кои имате предрасуди за мојот изглед и дебелината ве молам напуштете го профилот. И никогаш повеќе не се враќајте тука! Една огромна благодарност до тимот кој ми помогна во најтешките моменти, напиша Ивона на Инстаграм.

Инаку, Ивона вторпат учествува на „Гранд“, а досека се има појавено и на други шоуа за музички таленти.