дома Балкан Повторно над 4000 зaболeни во Србија, се зaocтруваат peстриктивните мерки

Повторно над 4000 зaболeни во Србија, се зaocтруваат peстриктивните мерки

Според последните податоци во Србија од направените 12 149 тестови се регистрирани 4226 нови случаи на заболени од коронавирусот.

Во изминатите 24 часа од последици предизвикани од корона починале 25 лица.

Во болниците низ Србија поради проблеми предизвикани од ковид 19 хоспитализирани се 4479 пациенти, од нив на респиратор се приклучени 207 пациенти.

Консултациите меѓу медицинскиот персонал на Кризниот штаб и владините претставници завршија по повеќе од час и половина. Одлуката ќе им биде соопштена на граѓаните утре, но сосема е сигурно дека ограничувањата ќе бидат засилени во наредните денови.

Членови на кризниот штаб – медицинскиот дел и претставници на Владата на Србија се состанаа денес во 15,30 часот за да донесат одлука за нови мерки, пренесува Блиц.

Вчера и денес во Србија, според последната одлука на Кризниот штаб за борба против вирусот корона од петок, сè е затворено освен продавници за храна, аптеки и бензински пумпи. Исто така беше одлучено средношколците следната недела да продолжат со часови преку Интернет , а новина е што од утре учениците од далечина ќе им се придружат во учењето на далечина. Според сегашните мерки, подолго време немаше ограничувања во текот на работните денови, а угостителските објекти имаа дозвола да работат до 20 часот.