дома Македонија ПОВТОРНО ПОБЕЛЕ РЕКАТА ДРАГОР: Битолчани не го знаат изворот на загадувањето

ПОВТОРНО ПОБЕЛЕ РЕКАТА ДРАГОР: Битолчани не го знаат изворот на загадувањето

Повторно побеле реката Драгор во Битола и овој пат за време на викенд. Исто како и претходните неколку пати. Битолчaни коментираат дека ова не е првпат реката да ја менува бојата, но никој не знае кој е изворот на загадувањето, пренесува ТВ 21.

Во речното корито водата е белузлива, а се пени како во неа да има истурено детергент.

До сега неколку пати екипата на ТВ 21 се има обидено да добие одговор од општинскиот инспекторат за што станува збор и дали до сега е направена контрола, но од таму велат дека во викенд не прават контроли.

Исто така несовесни граѓани секојдневно се ослободуваат од непотребните предмети фрлајќи ги во реката Драгор. Често во коритото може да се најде фрлен стар телевизор,  апарати за домаќинство, мебел и друг отпад.

Инаку според Локалниот еколошки план, кавлитетот на водата во реката Драгор е на ниво на колектор зашто во неа се влева и дел од канализацијата во населбата Довлеџик во Битола.