дома Македонија ПОВТОРНО СЕ ЗЛOУПOTPEБУВА ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ: Се носат закони со злoупoтpeби на Европското...

ПОВТОРНО СЕ ЗЛOУПOTPEБУВА ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ: Се носат закони со злoупoтpeби на Европското знаменце во Собранието!

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 86. седница ја усвои одлуката за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

По ова, седницата беше прекината со образложение дека неколку предлог-законски решенија што се на дневен ред треба да бидат разгледани на матичните комисии.

При утврдувањето на дневниот ред на седницата, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски забележа дека продолжува праксата на поднесување на закони по скратена постапка и оти се злoупoтpeбa европското знаменце при носењето на законите.

Како трета точка на 86. седница е ставена интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од опозицијата.

На самиот почеток на седницата, пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци.