дома Актуелно ПОВТОРНО СЕ ОБЈАВУВААТ ПРИСЛУШУВАНИ МАТЕРИЈАЛИ: На Фејсбук се објавуваат прислушувани разговори, од...

ПОВТОРНО СЕ ОБЈАВУВААТ ПРИСЛУШУВАНИ МАТЕРИЈАЛИ: На Фејсбук се објавуваат прислушувани разговори, од СЈО молчат!

Повторно започна хајката со нелегално објавување на прислушувани разговори од полтичари и бизнисмени од Македонија, откако пред три дена iNFOMAX.mk ја објави косовската врска на СДСМ и Косовските безбедносни сили кои откупувале снимени разговори од Заев преку Закир Бекири – Чауш

 

На социјалната мрежа Фејсбук во последните два дена се појавија неколку фан страници на кои се објавуваат нелегално прислушувани разговори од политичари и бизнисмени во Македонија, главно од албанскиот блок на партии.

Се работи за ФБ страници на кои се објавуваат снимки од познати личности во ДУИ и ДПА како Ермира Мехмети, Хазби Лик, Фазли Велиу, Али Ахмети, Муса Џафери но и неколку снимки од политичари и функционери од ВМРО-ДПМНЕ.  Краткото разгледување покажува дека оваа фан страна е направена пред 5 дена и има само 233 луѓе кои кликнале лајк. Единствено што објавува се незаконски прислушувани разговори за кои тврди дека се функционерите на ДУИ.

Кој стои зад овие страни и како овие разговори пристигнале во рацете на овие луѓе најверојатно ќе покаже истрагата. Лидерот на ДУИ побара најостри казни за оние кои ги објавуваат незаконски стекнатите разговори.

Според сознанијата на iNFOMAX.mk, за снимките бил заинтересиран генералот Кадри Кастрати инаку директор за операции во Косовските безбедносни сили, а претходно командант во терористичката УЧК. До контакт со Зоран Заев, Кастрати дошол преку линкот кој му го обезбедил Закир Бекири – Чаушот, а од извори во истрагата дознаваме дека се работело за понуда од неколку стотици илијади евра кои Кастрати ги понудил на Заев со кои тој планирал да ја финансира кампањата на партијата.

Од СДСМ пак, вчера излегоа со несреќна прес конференција која ја одржа Петре Шилегов во која се обиде вината за овие прислушувани материјали да ја префрли врз ВМРО-ДПМНЕ, притоа не давајќи објаснување зошто владеачката партија би имала интерес во предавање на снимки на кои се слушаат и нејзини функционери.

Веднаш пристигна и реакција од ВМРО-ДПМНЕ:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Полицијата кај Захир Бекири – Чауш пронајде 70 000 незаконски снимени телефонски разговори, сокриени во душек. Захир Бекири – Чауш кој во моментов одлежува затворска казна, е член на СДСМ, близок на аболицираниот криминалец Зоран Заев кому во секое време му се отворени вратите од неговиот кабинет. СДСМ како заслуга за криминалот на Захир Бекири ја вработи неговата сопруга во партиската фирма Паркинзи на општина Центар.

Медиумите ги открија линковите на Захир Бекири – Чауш со криминалци надвор од границите на Република Македонија, а неговите фотографии со раководството на СДСМ и доказите за криминалот што го правел по партиска наредба станаа видливи за сите граѓани.

Трагичен е обидот на СДСМ да ги лаже граѓаните дека Захир Бекири не е нивен член и дека ги поседувал незаконските снимки на Заев без знаење на партијата.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател и сопартиец Захир Бекири – Чауш ќе одговараат за криминалот што го сториле, а СДСМ на претстојните избори во декември ќе ја плати цената за лагите и манипулациите со кои Петре Шилегов се обидува да ја измами јавноста.

 

[/kopa_block_quote]

СДСМ останува на својот став дека сите разговори кои ги поседувале ги доставиле во Специјалното обвинителство, но нема одговор, како полицијата пронајде 70.000 незаконски снимки кај нивниот партиски функционер Чауш.