дома Политика ПОВТОРНО ПОСТАВЕНА ДВОЈАЗИЧНАТА ТАБЛА: Заев не знае што да прави со Албанците,...

ПОВТОРНО ПОСТАВЕНА ДВОЈАЗИЧНАТА ТАБЛА: Заев не знае што да прави со Албанците, еднаш ја стави, па ја извади, па сега повторно ја стави таблата!

Продолжува лицемерното поигрување на СДСМ со националните интереси.

Двојазичната табла во Чаир, која општинскиот комитет на СДСМ одлучи да ја отстрани по само неколку дена од нејзиното првично поставуавање, денеска повторно е вратена, со албанско знаме покрај неа.

Откако скандалот се откри во јавноста, неколку дена по поставувањето на двојазичната табла на штабот на СДСМ во Чаир истата беше отстранета, а денеска повторно е вратена.