дома Хроника Повpeдени двајца полицајци во сообраќајка помеѓу возило на МВР и патничко возило...

Повpeдени двајца полицајци во сообраќајка помеѓу возило на МВР и патничко возило „мерцедес“

На 29.11.2021 околу 12.10 часот на автопат на влез за Скопје, пред „клучка Ченто“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле двајца полициски службеници, на кои им била укажана помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.