дома Хроника Повpeдeни пет лица од кои две потeшко во тешка сообраќајна нecpeќа во...

Повpeдeни пет лица од кои две потeшко во тешка сообраќајна нecpeќа во Струга

На 23.08.2021 околу 11.00 часот во Струга на ул.„Маршал Тито” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди”, управувано од И.М.(36) од с.Заграчани, струшко и патничко возило „фиат”,управувано од С.А.(47) од с.Подгорци, струшко, и двете со струшки регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.А. и неговата сопатничка Н.Д.(58) од с.Подгорци, а со телесни повреди се здобил возачот И.М. и уште двајца сопатници во двете возила, констатирани во болницата „Св.Еразмо” – Охрид и Медицински центар Струга.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Струга.