дома Македонија ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА ШТО ГО ИНФОРМИРАА: Пендаровски прими делегација на Советот на амбасадорите

ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА ШТО ГО ИНФОРМИРАА: Пендаровски прими делегација на Советот на амбасадорите

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Советот на амбасадорите, во која беа Љупчо Арсовски, Александра Наќева-Ружин, Мухамед Халили и Александар Тавчиовски.

На средбата, амбасадорите го информираа претседателот Пендаровски за нивните главни цели, за предизвиците на дипломатијата на Македонија, како и за нивните досегашни активности во насока на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите.

Претседателот Пендаровски го поздрави формирањето на здружението, изразувајќи увереност дека долгогодишното дипломатско искуство на членовите коишто го сочинуваат, ќе даде значаен позитивен придонес во функционирањето на домашните институции, во насока на дополнително зајакнување на нашата надворешна политика.

На средбата, соговорниците ја нагласија потребата сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалог, во насока на намалување на поларизацијата во општеството.