дома Балкан ПОДГОРИЦА ,,ПРЕПЛАВЕНА“ СО АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА: Дали ќе се отворат границите со Косово

ПОДГОРИЦА ,,ПРЕПЛАВЕНА“ СО АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА: Дали ќе се отворат границите со Косово

Претседателот на Албанија Илир Мета ќе престојува во Подгорица, главниот град на Црна Гора, наведуваат медиумите, по тој повод целиот град е „преплавен“ со албански знамиња.

Подгорица се раздени накитена со албански знамиња во чест на доаѓањето на Иљир Мета.

Мета пристигнува во официјална посета на Црна Гора по покана на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Инаку Еди Рама во новогодишната порака истакна дека отворањето на границите со Косово е само почеток и дека е во план истата постапка кога се во прашање Црна Гора, Македонија и Грција.

„Верувам дека на пролет границите помеѓу Албанија и Косово ќе бидат по критериум на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина очекувам по истиот принцип и модифицирање на границите со Македонија, Црна Гора и Грција“, рече Рама.