дома Актуелно ПОДДРЖУВАЧОТ НА ЗАЕВ, ОРИЃАНСКИ РАСПУКА ПО НЕГО: Владата на Заев направи...

ПОДДРЖУВАЧОТ НА ЗАЕВ, ОРИЃАНСКИ РАСПУКА ПО НЕГО: Владата на Заев направи хаос!

Златко Ориѓански кој со години во јавноста жестоко ги брани позициите на СДСМ и на лидерот Заев, посочува дека новата Влада направи хаос и безредие.

Тој преку социјалните мрежи искажува огромно незадоволство од работата на Владата предводена од Зоран Заев. Според него, министрите се неспособни, изгубени и не знаат на која работа се нафатиле.

Ориѓански на Заев и на останатите актуелни функционери им порачува дека држава се прави со работа, ред, дисциплона, план, систем и малку сила, а не се безредие и хаос во сите области.