дома Европа ПОДЕМ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА: АфД втора партија со навјисо рејтинг...

ПОДЕМ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА: АфД втора партија со навјисо рејтинг во Германија!

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) ги престигна владејачките Социјалдемократи според популарноста и сега е втора најсилна партија во Германија по конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, покажа анкета на германскиот јавен сервис АРД.


Рејтингот на АфД се зголемил за два проценти од последната анкета на 9 септември, и сега достигнува 19 проценти- еден отсто повеќе од помалиот коалициски партнер во владата- СПД, кој пак загубил еден процент од поддршката.

Конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ на Меркел, кој ја предводи германската влада од 2005 година, исто така загубил еден процентен поен поддршка и паднал на 28 проценти, што е најлош резултат откако е започнато истражувањето во 1997 година.

Растечката поддршка за АфД се случува само една година откако оваа партија за првпат влезе во парламентот како трета најсилна во германската политика, освојувајќи 12,6 отсто од гласовите.

АфД беше основана во 2013 година врз анти-евро платформа, но оттогаш прерасна во радикално десна, анти-имиграциска партија која користи реторика која многу наликува на онаа од времето на нацизмот.

И другите помали германски партии профитираат од опаѓачката поддршка за владејачката коалиција. Партијата на Зелените и Либералите имаат зголемен рејтинг за еден отсто и сега се на 15 односно 9 проценти. Левицата е константна со поддршка од 10 проценти.