дома Европа Поднесени 12 тyжби против Полска пред Европскиот суд за човекови права поради...

Поднесени 12 тyжби против Полска пред Европскиот суд за човекови права поради зakонот пpoтив aбортус

Полска мора да го објасни построгиот закон против абортус, нареди Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП). Полска е информирана дека се поднесени 12 тужби до судот во Стразбур во врска со законот, се вели во соопштението на судот. Полскиот уставен суд донел одлука во октомври минатата година да ги забрани абортусите дури и ако нероденото дете има сериозни деформитети.

Владата сега мора да даде одговори на прашањата за новите регулативи до средината на септември. ЕКЧП им дал приоритет на овие тужби. Вкупно повеќе од 1.000 тужби се поднесени против новиот полски закон за абортус, соопштил судот.

Уште пред да бидат заострени, полските регулативи за абортус биле меѓу најстрогите во Европа.

Абортусот бил дозволен во Полска пред донесувањето на новиот закон само доколку здравјето и животот на мајката биле загрозени поради бременост, ако е резултат на силување или ако нероденото дете има сериозни деформитети.