дома Хроника Поднeceнo oбвинeниe зa илeгaлнo пoceдyвaњe мapихyaнa вo Гостивар

Поднeceнo oбвинeниe зa илeгaлнo пoceдyвaњe мapихyaнa вo Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 20 август, набавил и држел наркотична дрога – марихуана во домот во кој живее на улица „Балиндолска“ во Гостивар. При претрес во куќата биле пронајдени 18,42 грама марихуана, 0,60 грама мешавина марихуана и тутун, како и една дигитална вага.

Надлежниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот.​​ (МИА)