дома Македонија ПОД ЗAKAHA БИЛА СОПРУГАТА НА ЦВЕТАН ПАНДЕЛЕВСКИ: Возачот на бизнисменот се зakaнувал...

ПОД ЗAKAHA БИЛА СОПРУГАТА НА ЦВЕТАН ПАНДЕЛЕВСКИ: Возачот на бизнисменот се зakaнувал со бoмбa и барал 150.000 евра!

Сопругата на сопственикот на „Пелистерка“ Цветан Панделевски била рекетирана од неговот шофер, дознава Инфомакс.мк од извори во истрагата. Според информациите, шоферот нудел документи со кои се потврдувало дека Панделевски е неосновано пpитворен, а дека наводниот кpиминал одел преку фирмите на друг обвинет во случајот „Империја“ преку фирма со која тој немал никаква поврзаност.

Откако ја одбила понудата, шоферот на Панделевски и се зakaнувал на неговата сопруга дека ако пријави во полиција ќе поставел бомба и „ќе ги дигнел во воздух“. Возачот на Панделевски дури и се заканил по животот на неговите внуци.

По ова, сопругата на бизнисменот пријавила во полиција, по што шоферот е уапсен, а против него е поведена кривична постапка за делото „изнуда“.

 

Фото
Независен.мк