ПОД ПРИТИСОКОТ НА ВИСТИНАТА: Макпетрол преку ноќ стана профитабилна компанија, за да ги залаже акционерите со дивиденди!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Макпетрол ја изненади јавноста со податоците од полугодишниот финансиски извештај кој беше објавен на официјалната страна на македонска берза, дека во првата половина од оваа година продажбата на мало е зголемена за 12 проценти, а добивката се искачи на 109 милиони денари, што е подобрување на финансискиот резултат од 370 милиони денари во споредба со лани. Зарем станува збор за истата нафтена компанија која со години прикажуваше и книжеше загуби, ги намали платите на своите вработени и цели 6 години не подели дивиденда на акционерите? Како резултатите од првите 6 месеци оваа година се 10 пати повисоки во однос на финалните за цела 2015-та?

makpetrol-555x312

Макпетрол на пола година има добивка од 2 милиони евра, ја зголемил продажбата, ги намалил расходите. Тоа значи дека со ова темпо добивката на крајот од 2016-та ќе биде 4 милиони евра. Toa значи дека дивидендата ќе се исплати за 6 години! Освен ако Андреја и неговата екипа не платат назад 15 милиони евра на компанијата, во кој случај дивидендата би била исплатена наредната година!
Минатата година, органите го спречија Андреја и неговата екипа да не ги земе најдобрите бензински пумпи на Макпетрол и да ги соедини со Оилко!
А сега тој го обвинува Балкан Петролеум Холдинг Лимитед дека сака да ја уништи компанијата.

Како е можно после толку многу години работење во загуба, компанијата одеднаш после само 6 месеци преку финансиски извештај да покаже дека има раст на добивката и рекордна продажба на нафтени деривати? Каде се парите од изминатите години и зошто Макпетрол сиве овие години работел со загуба? Според информации од извори од компанијата, ова е методот кој Андреја и неговиот менаџерски тим го користат за да допрат до незадоволните акционери (многу од кои се вработени) на нивната страна.

Во јавноста веќе започнаа да кружат гласини дека зад сево ова стои „магијата“ на Андреја кој ќе направи сè само да остане чело на нафтениот гигант по понудата за преземање на Макпетрол од страна на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед. Како сега одеднаш „Макпетрол“ може да работи со добивка и тоа при намалени приходи? Како сега износот на камати по кредитите падна за 20 отсто во однос на она што лани го давале за камати?

Сега Андреја ветува дивиденда и притоа се фали дека Макпетрол е „златна кокошка“. Тука повторно се отвора прашањето како „златната кокошка“ од компанија која со години бележеше загуби преку ноќ прерасна во компанија која има 2 милиони евра добивка само после 6 месеци. Каде се парите и во кој џеб завршила добивката изминатите години?

РЕАЛНИТЕ ФАКТИ СЕ:

Според балансите кои што се објавени јавно, долгот на Макпетрол кон банките и добавувачите е 60 милиони евра!
Оваа сума е книговодствената вредност на компанијата!
Добивка од околу 2 милиони евра е мала, бидејќи таа може да биде 3, но се плаќаат речиси 1 милион евра камата за кредитите! 1/3 од профитот за камати?

Каде се податоците од трговијата на големо?
Зошто само објавуваат за продажбата на мало?
Дали е можно дека вкупната продажба е намалена?
Трошоците за транспорт се намалени од 2015.
Сирот ОИЛКО. Прославата заврши!

Андреја Јосифовски!
Макпетрол не е само твоја приватна компанија!
Постојат 2600 партнери!
Одговори им!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This