дома Балкан Пожарот избyвнал поради триење на автобусот од банкината

Пожарот избyвнал поради триење на автобусот од банкината

Лентата која ја мери брзината со која се движел автобусот, односно Тахографот, изгорел во пожарот, соопштија бугарските истражни органи.

Како доказен материјал, пак, ќе се користи и материјалот од камерите на преминот и агенцијата за надзор на патишта.

Според првичните неофицијални информации, постои сомнеж дека пожарот настанал со триење на автобусот со банкината, а тубите со нафта кои наводно биле во близина на возачкото место придонеле до експлозија.

Бугарските експерти ја анализираат и безбедноста на автопатот и поставеноста на знаците на делот од автопатот каде се случила несреќата.

Трагедијата се случила во два часот на автопатот кај селото Боснек, 40 км јужно од Софија.