дома Локално Пожар во Бирарија, Ѓорѓиевски веднаш пристигна на местото на настанот

Пожар во Бирарија, Ѓорѓиевски веднаш пристигна на местото на настанот

Попладнево изби пожар во стан во населбата Бирарија. Повредени се две жени, сопственичката на станот во кој избил пожарот и девојката на станот над него, која вдишала поголема количина чад. Повредените се навреме евакуирани и пренесени во болница.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски веднаш пристигна на местото на несреќата. Тојвети еднократна парична помож за жената на која и изгоре станот, како и сместување, доколку нема каде да престојува. Ѓорѓиевски им посака брзо опоравување на повредените.

„За жал, вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви и штетата да е што помала, а ние секогаш ќе бидеме тука да помогнеме кога е најтешко. Доколку жената на која ѝ изгоре станот нема каде да се смести, ќе обезбедиме сместување. Истовремено, од општината ќе ѝ биде исплатена еднократна парична помош.
Посакувам брзо опоравување и никогаш да не се повторат вакви настани“.