дома Македонија Пожар во Долно Лисиче: Црквата и неколку куќи во опасност

Пожар во Долно Лисиче: Црквата и неколку куќи во опасност

Голем пожар е присутен во с. Долно Лисиче, кој што и натаму не е ставен под контрола. На терен е присутно едно противпожарно возило, но ветрот кој дува прави огромен проблем.

Изгоре расадник, а зафатен е и дел од црквата, додека оганот се заканува да стигне и до неколку куќи.

Се очекуваат противпожарните единици да го стават под контрола додека стигне до куќите. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.