дома Свет Пожар во домот на Бил и Хилари Клинтон

Пожар во домот на Бил и Хилари Клинтон

Пожар избувна во куќата на Клинтонови во Чапаква , Њу Јорк.

Пожарот избувнал во една од спалните соби на вториот кат . како што соопштуваат противпожарните служби немало повредени . Пожарот веднаш бил изгаснат , а пред куќата имало и возило на брза помош за секој случај .
Клинтонови биле во резиденцијата , но засега нема официјално соопштение .

Поранешниот претседател ја купил куќата во Чапаква во 1999 година за 1,7 милиони долари . Куќата е изградена во 1889 година .

Во 2016 година Клинтонови купиле уште една куќа во непосредна близина на постојната за 1,16 милиони долари .