дома Локално ПОЖАР ВО ЕДНА ОД ЗГРАДИТЕ ВО КАПИШТЕЦ

ПОЖАР ВО ЕДНА ОД ЗГРАДИТЕ ВО КАПИШТЕЦ

Попладнево избувнал пожар во една од зградите во скопската населба Капиштец.

Според информациите од командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски пожарот избувнал на една од терасите во зградата. На лице место излегле пет противпожарни возила и пожарот веќе е ставен под контрола.
Првичните информации говорат дека предизвикана е помала материјална штета.
На лице место излезени се и полициски екипи.