дома Хроника ПОЖАР ВО КУЌА ВО МАЏАРИ: Изгоре домот на жител од Маџари

ПОЖАР ВО КУЌА ВО МАЏАРИ: Изгоре домот на жител од Маџари

На улицата „1“, кај стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари,  избувна пожар попладнево во кој делумно изгоре куќа.

Противпожарна бригада на Град Скопје задолжена за овој дел од градот, информира дека добиле повеќе телефонски дојави за пожарот и интервенирале од 17,08 до 18,15 часот со десет пожарникари и четири возила.

Куќата е опожарена делумно при што е причинета материјална штета која се проценува над 100 илјади денари.