дома Хроника Пожар на врвот од планината Петрино близу Охрид, пламените јазици се гледаат...

Пожар на врвот од планината Петрино близу Охрид, пламените јазици се гледаат од градот

Шумски пожар попладневно избувна на сртот на планината Петрино, североисточно од Охрид, над селото Скребатно во насока кон селата Завој и Опеница.
Гори нискостеблеста шума, а пламените јазици можат да се видат од градот.
Екипи на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите „Македонски шуми“ – подружница Охрид попладнето беа на терен, каде е констатирана состојбата, но поради настапувањето на ноќта и непристапниот не е интервенирано.
За справување со ситуацијата во раните утрински часови договорено е на лице место да излезат екипи со опрема за гасење на пожарот, а потоа ќе се знае дали има потреба од ангажирање и на екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид