дома Локално ПОЖАР НА ДЕПОНИЈАТА ВО ВЕЛЕС: Граѓаните цел ден се гушеле во канцероген...

ПОЖАР НА ДЕПОНИЈАТА ВО ВЕЛЕС: Граѓаните цел ден се гушеле во канцероген чад!

Во текот на целиот ден гоеше Градската депонија на Велес , а опасен канцероген чад се ширел низ целиот град.


Според ЈКП „Дервен“ пожарот попладнево е локализиран, но не е целосно изгаснат бидејќи самото гаснење е отежнато поради составот на запалената маса.

Од ЈКП „Дервен“ велат дека причината за пожарот се високите температури и депонискиот гас што го испушта отпадот.

Според општинскиот инспектор за животна средина Билјана Шуркова Манаскова причините за пожарот како и во изминатите лета на градската депонија се високите температури и депонискиот гас, но таа целосно не го исклучува и невниманието а граѓаните, а причината да била човечки фактор.

– Велес има најзагаден воздух кога гори депонијата. Кога гори отпад во амбиенталниот воздух се ослободуваат најтоксичните материи – дуксини и фурани кои што имаат и канцерогени својства. Затоа како општина се трудиме кога ќе имаме ваква несакана појава и правиме напори што побрзо да го локализираме пожарот, вели Шуркова Манаскова.