дома Хроника ПОЖAP ВО КУЌА ВО ГОСТИВАР: Повpeден еден пожарникap

ПОЖAP ВО КУЌА ВО ГОСТИВАР: Повpeден еден пожарникap

Во СВР Тетово синоќа, половина час по полноќ, пријавен е пожар во куќата на 39-годишниот гостиварец О.З, на улица „Димитар Влахов“ во Гостивар.

-Со интервенција на гостиварската Територијата противпожарна единица, пожарот целосно е локализиран. При гаснењето на пожарот повреди задобил еден пожарникар, кој веднаш бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.