Пожapoт од светниколско Богословец се прошири кон штипското село Доброшани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот од атарот на светиниколското Богословец е проширен кон штипското село Доброшани, во коешто има стари куќи.

Командирот на смена во Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Пане Тимов за МИА вели дека пожарот е активен и со него се справуваат 10 пожарникари, но и голем број на војници, доброволци и вработени во државните и локланите комунални претпријатија. Побарано е да интервенираат и хеликоптерите од воздух.

Пожарот е активен од вчера во текот на попладневните часови, кога и почна да се шири во близина на селото Богословец, по што се насочи кон високиот рид и се спушти од друга страна на штипска територија. Во него гори сува треба, површини со млада борова шума.

Тимов вели дека во моментов имаат дојава и за пожар кај депонијата Трештена Скала, која е одалечена од градот над 10 километри.

Во моментов градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов има состонаок со Штабот за заштита и спасување на Општина Штип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This