Младата австралиска блогерка Синејд Мекнамара која беше пронајдена без свест на суперјахтата на мексиканскиот бизнисмен Алберт Бајлерес вo Joнскoтo Moрe, најверојатно се самоубила, соопштија грчките власти.
Мекнамара, која потекнува од Нов Јужен Велс, четири месеци работела како хостеса на јахтата Мајан Квин 4. Две недели пред смртта, таа на Инстаграм објавила слика со вознемирувачки коментар: „Не знам каде ми е главата. Вратете ме во времето кога единствената мисла не ми беше како да си го прснам черепот“.