дома Актуелно Позната компанијата која го вршела техничкиот преглед на автобусот на „Беса Транс“...

Позната компанијата која го вршела техничкиот преглед на автобусот на „Беса Транс“ – во моментов полициjaта врши увид

Инфомакс го дознава името на фирмата која го извршила техничкиот преглед на автобусот на „Беса Транс“ кој во Бугарија учествуваше во тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 45 македнски граѓани.

Се работи за фирмата „Технички преглед Виа“ чие седиште се наоѓа во општина Сарај.

Во компанијата во моментов полицијата врши увид и се прегледува целокупната документација за извршениот технички преглед и обавен е службен разговор со лицето кое го вршело прегледот.