дома Политикака ПОЗНАТА ПРИЧИНАТА ЗАШТО ЗАЕВ ПАТУВАШЕ СО КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ: Гоце Делчев причина за...

ПОЗНАТА ПРИЧИНАТА ЗАШТО ЗАЕВ ПАТУВАШЕ СО КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ: Гоце Делчев причина за „скpoмноста“ на Заев

Македонските медиуми поделено ја проследија и коментираа информација и фотографијата дека премиерот Заев патувал со комерцијален лет од Виена за Скопје.

Владините ПР служби очajно се потрудија да и го претстават на јавноста како скромен чин од страна на премиерот, наводно за некаква си економичност и обзир кон трошењето на парите на граѓаните, а всушност причината е следна.

Македонскиот владин авион лирџет е на сервис повеќе од половина година, а Заев во изминатиот период се користеше со владиниот авион на Бугарија, а премиерот Борисов немаше проблем да му излезе во пресрет на „добриот му сосед“ Заев и да му го позајми секогаш кога му беше потребен.

Сепак добрососедските односи со Бугарија зaпнaa кај peволyциoнepoт Гоце Делчев. Мешаната комисија за историски прашања помеѓу Бугарија и Македонија не успеа да утврди на кого му припаѓа Делчев, а бугарите јасно дадоа до знаење дека Делчев мора да им припадне на нив.

Изјавите на министерката за надворешни работи Захариева, министерот за одбрана Каракачанов и уште многу други, јавно го искажаа ставот на бугарската страна, а од македонска страна ниту еден државник не се осмели да коментира дали Гоце Делчев е Македонец или Бугар.

Па така и Зоран Заев, мoлчeливo пред својот „другар“ Борисов, немаше образ да му го побара авиончето или барем да го префрлат до Скопје на враќање од Виена.