дома Свет Познати групите за Европското првенство во ракомет

Познати групите за Европското првенство во ракомет

Словенија, Данска и Црна Гора ќе бидат противниците на машката ракометна репрезентација на Македонија во групната фаза на Европското првенство кое од 13 до 31 јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Ждрепката одлучи Македонија да биде дел од групата А која ќе разигрува во Дебрецин, а каде од првиот шешир беше сместена Словенија, од вториот го добивме противникот со кој се соочивме и во квалификациите, актуелниот светски првак Данска, додека од најслабиот по ранкинг шешир ќе игра со Црна Гора.

Ривалите се одлично познати за македонските репрезентативци со оглед на тоа дека редовно се среќаваме на големите натпреварувања.