дома Спорт ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ БИДЕ ТРЕНЕР НА ИНТЕР СЛЕДНАТА СЕЗОНА

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ БИДЕ ТРЕНЕР НА ИНТЕР СЛЕДНАТА СЕЗОНА

И покрај шпекулациите последните недели во врска со евентуалната смена на Лучано Спалети, Интер и во новата сезона ќе биде со истиот тренер.

Челниците на клубот се задоволни од неговата работа и тој ќе ја задржи функцијата и во следниот период.

„Избравме тренер за идната сезона, тоа е Спалети. Имаме договор со него и задоволни сме“, изјави генералниот директор на клубот Бепе Марота.

Спалети дојде во Интер во 2017 година откако претходно ја водеше Рома. Под негово водство нераѕурите се на третото место на табелата и повторно ќе играат во Лигата на шампионите.