Познат белградски учител по глума cилувaл неколку ученици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По објавувањето на шокантната исповед на актерката Милена Радуловиќ, која го обвини познатиот учител по глума
Мирослав Мика Алексиќ за силување, Министерството за внатрешни работи денеска објави соопштение.

Во соопштението се вели дека белградската полиција го уапсила Алексиќ (68) под сомнение дека тој од 2012 до 2020 година извршил полов напад врз петмина свои ученици во просториите на тоа училиште, од кои двајца биле малолетни за време на злосторството.

Бидејќи се сомнева дека има и други лица кои биле сексуално нападнати од страна на осомничениот, тие можат да го пријават тоа во просториите на Полициската управа за градот Белград, булевар Деспот Стефан 107, се наведува во соопштението.

Алексиќ е обвинет за повеќе кривични дела силување и незаконски сексуални дејствија.

Тој доби наредба да биде приведен и, со кривична пријава, ќе биде донесен во Вишото јавно обвинителство во Белград, соопшти МВР, јави Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This