дома Хроника Познат идентитетот на жената која се задуши во пожар во Аеродром

Познат идентитетот на жената која се задуши во пожар во Аеродром

Скопската Противпожарна бригада синоќа изгасна пожар во стан во нова зграда на улица „Методиј Шаторов-Шарло“ во Аеродром, во кој загинала повозрасна неподвижна жена.

Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на М.Ш. (1955) која била во станот и починала.

Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.

Екипа на Министерството за внатрешни работи и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.