дома Хроника Познат идентитетот на младиот скопјанец кој вчера зaгинa во Аеродром

Познат идентитетот на младиот скопјанец кој вчера зaгинa во Аеродром

Дваесет и четиригодишниот скопјанец Д.А. вчера го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи кај маркетот „Веро“ во Аеродром.

Како што соопшти МВР, на крстосница на бул.„Јане Сандански“ во Скопје со сервисни улици, во близина на маркет, вчера во 22:05 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки.

На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.