дома Хроника Познат идeнтитетот на удaвeното момче во Претор

Познат идeнтитетот на удaвeното момче во Претор

Младо момче се удавило денеска попладне во водите на Преспанското езеро.

Од МВР го потврдија случајот и информираат дека трагаат по телото.

-Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби – информира МВР.

Весникот Нова Македонија претходно објави дека до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.

Сите напори на присутните да го спасат третото момче не успеале. Тие се обиделе да го пронајдат и со мрежа, но сето тоа било залудно.