дома Социјални Мрежи Познат скопски ди-џеј си ја продава опремата за како што самиот вели,...

Познат скопски ди-џеј си ја продава опремата за како што самиот вели, за да преживее

Познатиот ди-џеј Пикискипи во наједноставна форма го сублимира секојдневието во кое се наоѓаат одредени професии и работници од музичката индустрија.
Тие се приморани да ја продаваат сопствената опрема за да преживеат периодов кога не се ангажирани и не можат да заработат за ова „невреме“.

Неодамна на порталите осамна и информација дека и познатиот ди-џеј Панчо ја сменил професијата и бил приморан да работи како пица мајстор, само за да заработи за да преживее.

Владата неодамна се пофали дека со мерките ќе ги опфати и музичките работници, но по се изгледа според принципот за некого мајка и маќеа, опфатот сепак е селективен.