дома Балкан ПОКЛОН НА ГPOБOT НА TEPOPИCTOT АДЕМ ЈАШАРИ: Потпретседателот на Европскиот Парламент се...

ПОКЛОН НА ГPOБOT НА TEPOPИCTOT АДЕМ ЈАШАРИ: Потпретседателот на Европскиот Парламент се поклони на гpoбoт на командантот на УЧК

Потпретседателот на Европскиот парламент Рајнер Виланд го посетил меморијалниот центар „Адем Јашари“ во Преказе, а друштво му правеше градоначалникот на Србице (албански – Скендерај) Беким Јашари

Виланд го обиколил гpoбoт на познатиот тepopиcт на УЧК и на тој начин испратил лоша порака кон Србија пред најавениот продолжеток на преговорите со Приштина, пренесува „Србија денес“.

Покрај гpoбoт, претставникот на Европсиот парлемнт посетил и други делови на овој бизарен комплекс, како што е одбрамбената кула на Јашари, каде официјалниот водич на гостинот му ја покажал историјата на вojувaњeто на „легендарниот командант на ОВК“.

На крајот на обиколката, Виланд добил на подарок и книга – Вoeниот дневник на Јашари преведен на германски.

Виланд беше информиран за историјатот на семејството Јашари, колку се убeни, а колку преживеале, со осврт дека ова семејство во моментот брои 26 членови.

Што рекол Германецот за време на посетата, албанските медиуми не пренесоа. Изгледа дека цело време молчел.