Покрај сувото ќе гори и суровото – Вакцинацијата ќе се претвори во лов на вештерки и спалување на клади?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како ќе се вакцинираат хронично болните, дали во домовите за стари лица ќе одат медицински екипи на терен за да ги имунизираат штитениците, дали и како ќе се вакцинираат наставничките и воспитувачките во градинките?

Деталите за тоа како точно ќе се врши вакцинацијата во земјава треба да се најдат во оперативниот план за вакцинација против Ковид-19. Од министерството за здравство на новинарски прашања велат дека ги собираат информациите и искуствата од запaдните земји каде веќе започна имунизацијата, по што ќе го финализираат планот за вакцинирање и кај нас.

Министерството за Здравство и Комисијата за имунизација имаат оперативен план (??), истиот се финализира со најнови информации за вакцините и искуства што пристигнуваат од западните земји кои веќе спроведуваат вакцинација (Значи Министерството всушност нема план). Нареднава недела ќе се информира јавноста за некои особености од истиот.

Министерството подготвува и кампањи преку кои ќе информира за важноста од имунизација и за безбедноста на вакцините.

Она што е досега познато е дека вакцината ќе се прима во постоечките здравствени домови каде веќе се назначени одговорни лица за координација и организација на вакцинацијата против Ковид-19.

Реалноста е сосема поинаква – Нема оперативен план

До сега Инфомакс анкетираше одредени посебни категории на граѓани и отворени прашања кои истите ги поставуваат.

Постојат одредени категории на граѓани кои и до сега беа посочувани од странските медиуми и западните здравствени власти како најзасегнати и најризични во однос на пандемијата на коронавирусот.

Дали министерството за здравство предвидува теренски екипи за тешко болните и хронично болните во својата акција за имунизација. Особено се работи за категорија на граѓани од кои некои од нив се неподвижни и делумно подвижни, но сепак не се згрижени во старечките домови.

Посебна приказна е постапката и отсуство на објаснување на здравствените власти за категориите на лица кои ќе бидат најризични. Се работи за лица кои се алергични на одредени лекови и протоколот и постапка за истите. Ако вакцинирањето на одредено лице кое има потврдена алергиска реакција на одредени лекови и медикаменти, дали истите лица ќе бидат изземени од вакцинацијата која очигледно власта сака да ја направи задолжителна. Се разбира дека „имунизацијата на стадото“ до степен на „колективен имунитет“ е приоритет, но дали Министерството планира да изземе одредени категории на лица од вакцинација, допрвин треба да видиме. Во меѓувреме анкетираните граѓани стравуваат дека целата акција на вакцинирање ќе се претвори во „терор на белите мантили“ без ничија одговорност и без соодветен протокол за истото.

Отсуствува одговорноста?

Поимот транспарентност е само китење на постапката, накратко кажано. Ако Македонија како набавувач потпишала и дала согласност со одредени произведувачи на вакцини со кои произведувачот на вакцини се оградува од било каква одговорност, зошто истото не се соопштува на јавноста?

Веќе видовме дека произведувачот на вакцини Фајзер / Бионтек на одредени категории на лица, како на пример хронично болните со алергиски реакции на медикаменти, како и на бремените жени веќе советува вакцината да не се аплицира. Дали истатата препорака важи и за состојбата во Македонија и дали Министерството за здравство предвидува посебни протоколи за нив како и лицата кои се во нивна близина. Имајќи в предвид дека лицата кои се грижат за одредени категории доколку се вакцинираат, дур стекнат имунитет со создавање антитела потребно е да земат две дози. Меѓу периодот или условно кажано карантин како профилакса дур реципиентот стекне имунитет од вакцината, која е постапката?

Ставот дека треба сите да стекнат имунитет е сосема јасен и афирмативно е да се повикува на вакцинација, но не по секоја цена и кои се последиците од тоа. Примерот на една мајка на неподвижно дете кое претходно поради инокулирање друга вакцина истото се соочува со одредени последици од алергиската реакција и преживеан анафилактичен шок, вели дека ни по цена на казни, таа нема да дозволи детето да се вакцинира е повеќе од јасна.

„Сум медицински работник и знам за последиците од вакцинирањето и ги осетив на своја кожа последиците за моето дете“. – вели таа. „Ако треба да бирам помеѓу животот на моето дете и вакцинирање, изборот ми е јасен и нема да дозволам моето дете да пројде повторно низ пеколот од кој имаше последици поради друга вакцина“ – вели соговорничката која сака да остане анонимна.

Како медицински работник јас ќе треба да се вакцинирам, но нема појаснотии за периодот од првата до втората вакцина, ако тоа е периодот на инкубација и карантин, јас нема до крај на мојот живот да го гледам детето, бидејќи ќе бидам можна причина истото да го заразам. Има премногу нејаснотии кои за жал создаваат страв кај нас граѓаните, а јавноста е нималку запознаена со протоколите за вакцинација и можните ризици.

Дали вакцинацијата ќе прејде во еугеника и свесно ставање на ризик на одредени групи на граѓани кои законски ќе бидат присилени да се вакцинираат, допрвин треба да видиме од самото Министерство за здравство и особено од Комисијата за заразни болести. Се дур се даваат паушални изјави како на пример „Имаме план“, ама уште истиот „го надградуваме со искуства од другите земји“ каде вакцинацијата е започната, без при тоа да се земат и најмалите ризици и без одговорност, сето тоа ќе се претвори во матен колеж на население и свесно ставање на ризик за одредени категории на граѓани. Лесно ќе биде етикетирањето на т.н. „антиваксери“, но луѓето ова ќе го гледаат како борба за животот, а не антиваксерство. Стравовите се тука и граѓаните си ги кажуваат сомневањата кои не се решаваат со промотивни спотови и кампањи..

Во краен случај овие граѓани ќе сакаат „вакцинација со капаче“, бидејќи секому животот е мил и не сака со истиот да се коцка и да го става во најмал ризик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This