дома Македонија Пола Скопје во темница

Пола Скопје во темница

Поради дефект на 110-киловолтна трафостаница „Запад“, без електрична енергија вечерва останаа жителите на Кондово, Сарај, Ѓорче Петров, Тафталиџе и Карпош.

Од ЕВН Македонија за МИА соопштиле дека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен за да го санираат дефектот.

Во меѓувреме корисниците се префрлуваат во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување со електрична енергија.