„ПОЛИТИКА“ ОТКРИВА КАКО ИЗБЕГАЛ ГРУЕВСКИ: Со лажен пасош во текот на ноќта влегол во Албанија, ставил шешир и очила и продолжил со авион!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бившиот македонски премиер со лажен пасош во текот на ноќта ја преминал македнско-албанската граница и илегално пристигнал во Тирана, каде бил прифатен од Унгарската амбасада. Со првиот утрински лет на унгарската авио-компанија директно од Тирана пристигнал во Будимпешта, пренесува српскиот весник „Политика“ повикувајќи се на веродостојни извори

Никола Груевски, бившиот македонски премиер, се наоѓа во Будимпешта, каде од унгарските власти побара политички азил. Претходно во Скопје го избегна одењето во „Шутка“ каде треба да ја отслужи двегодишната казна зтвро, поради набавка на блиндираниот службен „Мерцедес“.

Информацијата дека полицијата се подготвува да го упаси добил од своите контакти во МВР, поради што се дал во бегство со лажен пасош преминувајќи ја македонско-албанската граница и илегално пристигнал до Тирана. Таму го прифатиле во амбасадата на Унгарија и со првиот утрински лет на унгарската компанија „Малев“ Груевски директно од Тирана пристигнал во Будимпешта. Посадата на авионот немала поим кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги извадил во текот на летот.

Во моментот кога македонската потерница стапи на сила, околу 10 часот претпладне, Никола Груевски веќе бил во Будимпешта, од каде испрати порака до властите во Скопје дека ги надиграл, но дека ја сака Македонија и никогаш нема да престане со битката. Секако, ја сака и слободата. Личната.

Власта во Македонија моментално реагираше со аспење на соработниците на Никола Груевски, поради вакви, или такви причини. Но сега е се доцна, главната „птичка“ избега, а на властите останува да истражат кој сѐ му помогнал на Груевски да избега од Скопје, пишува „Политика“.

Бидејќи, тој несомнено бил под строг надзор на полицијата 24 часа на ден. Или полциијата воопшто не знаела каде тој се наоѓа? Како е возможно Груевски да ја премине македонско-албанската граница, а да не го идентификуваат македонските и албанските гранични служби? А се знаело дека неговиот пасош е одземен. Кој сѐ затаил од македонска, но и од албанска стран? Или, всушност, големиот брат од она страна на Атлантикот заклучил дека најелегантно е Груевски да се „тргне“ во Унгарија. И тау да биде џокер за некои идни времиња, ако Заев не биде конструктивен онака како што тие сакаат во Тирана и Вашингтон. Симболиката дека Никола Груевски побегнал од Будимпешта преку Тирана, а тој бил главен противник на „Тиранската платформа“, која беше вовед во неговото рушење од власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This