March 29, 2024, 12:37 pm

Политико: Филипче за водење геополитика со вакцините се негира сам себе или Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во услови кога Европската Унија не успева да дистрибуира вакцини против коронавирусот во Западниот Балкан, државите од регионот во потрага по нив се вртат кон Кина и Русија, во што предничи Србија, наведува бриселскиот портал „Политико“.

Според медиумот, една од земјите од регионот што ги следи стапките на Белград е и Македонија, каде се уште никој не е вакциниран.

– Бидејќи првата пратка од КОВАКС механизмот во земјата се очекува да пристигне во март, проевропската Влада реши да преговара со Кина во обид побрзо да обезбеди вакцини. Скопје, исто така, е во директни разговори со „Фајзер“ за набавка на околу 800.000 вакцини, кои се надева дека ќе ги добие во текот на овој месец, наведува „Политико“.

Порталот пренесува изјава на министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека на овој потег не треба да се гледа како на одвраќање на земјата од Унијата.

– Не сметам дека ова е политичка и геополитичка состојба, ова е прашање на јавното здравје. Сите се соочуваме со предизвици во пристапот до вакцини. Земјите од ЕУ се соочуваат со свои предизвици. Гледаме дека механизмот за европска солидарност се одложува, но не е неуспешен, вели Филипче за „Политико“.

Бриселскиот портал го цитира и епидемиологот Драган Даниловски, кој вели дека и дури и пред одобрувањето на вакцините од страна на Европската агенција за лекови, целото нивно произведено количество е однапред купено, а земјава останава да чека некои подобри времиња.

– Како на примерот со „Титаник“, чамците за спасување прво беа пополнети со богатите патници, а сиромашните се удавија. Овој пат на дело ја имаме истата психолошка матрица. Во критични моменти, секој се стреми прво да се обезбеди себе си, вели Даниловски, кој при тоа изразува сомнеж дека пратките од КОВАКС механизмот ќе пристигнат според планираното.

„Политико“ додава дека освен Србија, која самата набави вакцини од неколку извори, меѓу земјите од Западниот Балкан, вакцинација се спроведува само уште во Албанија, „благодарение на неименувана земја на ЕУ, која и испрати на Тирана симболична пратка од 975 дози“.

Според порталот, сето ова претставува непријатно потсетување за ЕУ дека се соочува со силна борба за влијание во нејзиното непосредно соседство, каде растат фрустрациите поради забавувањето на процесот на зачленување на земјите од регионот во Унијата.

– Самата вакцинација само ја зголемува таа фрустрација. Четири од шесте земји од Западниот Балкан допрва ќе ги добијат првите дози и покрај ветувањата од Брисел да ќе им обезбеди пристап (до вакцини). Европската комисија вети 70 милиони евра за да помогне во вакцинацијата во земјите од Западниот Балкан, како дополнение на 500-те милиони евра што Унијата ги обебзеди за КОВАКС механизмот, кој има за цел да гарантира правичен пристап до вакцини против коронавирусот низ целиот свет, се наведува во анализата.

„Политико“ нагласува дека засега се уште нема временска рамка кога вакцините од овој механизам ќе стигнат во земјите од регионот, додека во исто време богатите држави им даваат приоритет на сопствените планови за вакцинација.

– Чекањето на вакцините во време кога пристапувањето кон ЕУ се чини се пооддалечена перспектива, претставува ризик за истуркување на Западниот Балкан уште подалеку од Унијата. Следејќи го примерот на Србија, земјите во регионот, кој има меѓу највисоките стапки на смртност по глава на жител за време на пандемијата, исто така, почнуваат да бараат помош на Исток, заклучува „Политико.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This