дома Свет Политичарите во Капитол Хил се кријат од демонстрантите под клупите

Политичарите во Капитол Хил се кријат од демонстрантите под клупите

Големи немири избувнаа денес во Вашингтон , бидејќи демонстрантите успеаја да ја пробијат оградата и да влезат во Капитол Хил. Според првите информации, едно лице е рането во градите, а неколку лица се повредени во судирот меѓу полицијата и демонстрантите.

Според американските медиуми, лидерите на Сенатот и потпретседателот на САД, Мајк Пенс биле евакуирани , а слики од хорор во Вашингтон го обиколиле целиот свет.

Имено, фотографите ја забележаа сцената на законодавците како се крие додека демонстрантите беа во Капитол Хил, лежејќи под клупите.