April 18, 2024, 10:23 pm

Политички пpoгон, зoшто овие луѓе се држат во пpитвop? – После десет рочишта за „Плацеви на Водно“ никаде не се споменуваат имињата на Камчев и Мијалков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту после 10-тина рочишта за случајот „Плацеви на Водно“ не се споменуваат имињата на Орце Камчев и Сашо Мијалков иако и двајцата се во притвор за истиот случај.

Ваквото однесување на правосудните власт според уредникот на Инфомакс, Митовски упатува на класичен политички прогон на бизнисменот Камчев и поранешниот директор на УБК, Мијалков со оглед на фактот што ниту еден од сведоците или доказите не упатува на нивна инволвираност во случајот.

-Еве, десетина рочишта за предметот „Плацеви на Водно“. Стотици „докази“, десетици сведоци, и никаде не се споменува името на Орце Камчев и Сашо Мијалков.

Сега, ме интересира да ми одговори Тања Милева, Маричиќ, судијата Илија Трпков, Лиле Стефанова….зошто овие двајца луѓе се држат во притвор ако никој, никаде не ги спомнува?!
Еве нека ми одговори и господинот Заев, како ние да пишуваме дека не се работи за политички прогон? Дека не е нарачка?

И да ви предочам, во образложението на Апелација со кое се одбива жалбата на Камчев за укинување на мерката притвор и преиначување во мерка домашен притвор, токму Милева има наведено дека поради обезбедување на еднаквост на страните во постапката, таа не дозволува укинување на притворот.

Ок, тогаш ако треба да се обезбеди еднаквост на страните или сите треба да ги ставите во притвор, или никого…инаку, не јас или медиумите, на сите се повеќе им станува јасно дека ова не е ништо повеќе од класичен политички реваншизам.

Ама, има „дана за мегдана“…вие си знаете, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This