дома Македонија ПОЛИЦАЕЦ ИМ ГИ ОТВОРИЛ ОГРАДИТЕ, ДЕМОНСТРАНТИТЕ СЕ ПОВЛЕКЛЕ: Полицаец ги тргнал оградите...

ПОЛИЦАЕЦ ИМ ГИ ОТВОРИЛ ОГРАДИТЕ, ДЕМОНСТРАНТИТЕ СЕ ПОВЛЕКЛЕ: Полицаец ги тргнал оградите пред Собрание и ги повикал демонстратите да влезат

За време на синоќешниот протест пред Собранието спречен е поголем инцидент.

Имено, како што дознава ТВ21 од свои извори, полицаец кој бил распореден пред законодавниот дом, ги тргнал полициските барикади и им рекол на демонстрантите, доколку имаат храброст да влезат внатре, а не да протестираат неколку метри од зградата.

За среќа, неколку негови колеги го забележале тоа, навреме реагирале и спречиле поголем инцидент. Полицаецот со иницијали Д.С, веднаш бил приведен и заедно неговите колеги, кои биле сведоци на настанот имале информативен разговор во секторот за внатрешна контрола. На полицаецот му се однеземи службениот пиштол и значката, а против него е покрената дисциплинска постапка и ќе биде суспендиран.

За целиот случај информирано било и Јавното обвинителство.