дома Хроника ПОЛИЦАЕЦ НАТЕПАН ВО БИТОЛА: Не му дозволил на пироман да запали оган,...

ПОЛИЦАЕЦ НАТЕПАН ВО БИТОЛА: Не му дозволил на пироман да запали оган, добил ќотек!

На 05.06.2018 година во 13.25 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Битола додека полициски службеник вршел работи од областа на безбедноста на сообраќајот забележал лице кое сакало да фрли запалена хартија во контејнер, информираат од СВР Битола.

Истиот усно го предупредил по што лицето започнал  вербално да го навредува и физички го нападнал. По преземени мерки од слобода е лишен О.М.(47) од село Долно Агларци, битолско и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.