дома Хроника ПОЛИЦАЕЦ ЈА ПРЕТЕПАЛ СОПРУГАТА: Полицаец од Куманово ја тепал сопругата додека не...

ПОЛИЦАЕЦ ЈА ПРЕТЕПАЛ СОПРУГАТА: Полицаец од Куманово ја тепал сопругата додека не паднала во несвест!

В.Т. бил лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми.

Во текот на вчерашниот ден полицискиот службеник В.Т. во својот дом во Куманово околу 20 часот и 30 минути под дејство на алкохол започнал вербална расправија со својата сопруга Н.Т.(31).

По расправијата, тој физички ја нападнал.

Како што информираат од МВР, од нападот жената паднала во несвест.

В.Т. бил лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми.

За настанот веднаш бил известен и одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.